Општи нарачки
Замена на продукти и поврат на средства
Откако ќе Ви биде доставена нарачката, Вие сте должни да ја проверите истата и доколку на неа има видливи оштетувања или производот не е во согласност со вашата нарачка, Ве молиме да се јавите во салонот, или пак да ни пратите е-маил со вашето име, презиме, телефон и број на нарачка на адресата info@kdlsmartliving.com при што ќе ги објасните причините поради кои сакате да направите замена или пак враќање на нарачката.
Потребно е да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Од страна на KDLSmartLiving ќе бидете известени за понатамошната постапка во најкраток можен рок. Замената на производот може да ја направите во договор со нашите вработени. Трошоците за замена на производи се на товар на купувачот, освен кога купувачот добил неисправен или погрешен производ. За да може да ја вратите или пак замените нарачката, задолжително мора истата да не биде оштетена и спакувана во првичното пакување заедно со фактурата или фискалната сметка. По приемот на производот ќе направиме проверка за што ќе бидете известени за исходот. Потрошувачот има право да побара замена на производот или поврат на средствата во рок од 15 дена.
KDLSmartLiving е должен да одговори на секое барање за замена на производот или поврат на средствата во рок од 30 дена од применото барање.
Во случај на нарачка преку веб страницата на kdlsmartliving.com потрошувачот има право да се откже од нарачката во рок од 24 часа. Ова правило не важи во случај на набавката на стоки изработени според спецификациите или јасно прилагодени на потрошувачот.
Освен во случај кога KDLSmartLiving понудил сам да ги повлече стоките, потрошувачот ги враќа стоките или му ги предава на KDLSmartLiving, без непотребно одлагање, а во секој случај во рок од 14 дена од денот на кој го известил трговецот за својата одлука за повлекување од договорот во согласност со членот 91 од овој закон. Крајниот рок е исполнет, доколку потрошувачот ги врати стоките пред истекот на рокот од 14 дена.
KDLSMartLiving ги надоместува сите плаќања примени од страна на потрошувачот, евентуално вклучувајќи ги трошоците за испорака, без непотребно одлагање, а во секој случај во рок од 14 дена од денот кога е известен за одлуката на потрошувачот да се повлече од договорот во согласност со одредбите на Законот за заштита на потрошувачите.
Продавачот извршува враќање на средствата на сметката на купувачот, додека купувачот за овој поврат на средства не сноси никакви дополнителни трошоци. Продавачот може да го одложи враќањето на средствата се додека не ја добие стоката што се враќа.